Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Chanel Cruise во Дубаи: Модерна верзија на „Илјада и една ноќ“

Модниот дизајнер Lagerfeld, една деценија по неговата последна ревија во Дубаи, неодамна ја претстави новата колекција на Chanel Cruise на ова место. Како што и самиот изјави, градот воопшто не е она на што тој се сеќава. Овој пат за него тоа е сосем нова реалност. Спротивно на тоа, колекцијата што беше претставена остави впечаток на источната егзотика што се носела пред 100 години.

Таа го отсликува начинот на кој Lagerfeld го доживува романтичниот и модерниот Ориент, па затоа и не е чудо зашто токму Дубаи е одбран за нејзиното претставување пред светот. Таму се сретнуваат Истокот и Западот. Доминираа шарени материјали, извонредни текстури и нагласено украсени фустани, аладинови влечки, шалвари и палта какви што само Chanel може да напави.

Поигрувањето со источниот дизајн, позлатувањето и мрежестите украси сепак претставуваат едноставност на стилот кој може да биде интернационален, бидејќи лелеавиот долг фустан во боја на песок има речиси вонвременски гламурозен призвук.

„Светот веќе не е така голем. Оваа облека е за сите жени“, додаде Lagerfeld по ревијата.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement