Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Balenciaga покажа фетиш чевли за 1400 евра – дали би ги носеле?

Balenciaga продолжи да шокира со облека по големиот скандал со кампања чии фотографии вклучуваат документи со детска порнографија и плишани мечиња во садо-мазо облека.

Познатиот париски моден бренд Balenciaga повторно шокира, а овој пат објавија фетиш чевли. Чевлите се инспирирани од обликот на човечкото стапало, па на предната страна имаат контура од пет прсти. Најскапата верзија на овие чевли чини дури 1400 евра.

Чевлите од овча кожа доаѓаат во три форми: како балерини, мокасини и чизми со потпетица од 8 сантиметри.Цената на балетанките е 720 евра и изработени се минималистички, имаат само мала црна машна над прстите.

24sata

Верзијата на штикла чини 850 евра, додека чизмите се најскапи и за нив ќе треба да издвоите 1400 евра.

24sata

Сите верзии на чевелот го носат името „фетиш“, а овој моден бенд е познат по контроверзии.

24sata

Имено,Balenciaga беше мета на критики и саботажи на самиот бренд откако објавија кампања која вклучуваше деца и сексуални конотации. Брендот се извини и набрзо ги отстрани фотографиите, но тие веднаш станаа вирални.

  • Најостро го осудуваме насилството врз децата, никогаш не ни било намера да го вклучиме во нашата приказна.Balenciaga ја презема целосната одговорност. Чанти со плишани мечиња и колекција подароци не требаше да се поврзуваат со деца. Ова беше погрешен избор од наша страна, во комбинација со неуспехот да ги оцениме и потврдиме фотографиите. Целата одговорност ја превзема Balenciaga – напишаа во соопштението.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement