Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Adidas поминува низ невидена драма: Не знаат што да прават со илјадници патики Yeezy…

Германскиот гигант Adidas ја прекина соработката со раперот и моден дизајнер Канје Вест поради неговите антисемитски коментари, а сега не знае што да прави со илјадниците патики Yeezy, кои носат околу 1,3 милијарди долари годишен приход.

Познатиот рапер и моден дизајнер Канје Вест неодамна со антисемитски коментари му нанесе милионска штета на својот бренд, а најголема колатерална жртва беше Adidas кој е во невиден проблем.

Имено, германскиот гигант со години ја пушта линијата Yeezy, моделите на патики со потпис на Канје Вест, продавајќи ги по вртоглаво високи цени од 200 до 600 долари. Само од продажбата на овие патики,Adidas годишно бележи 500 милиони долари приход, но во овој бренд одлучија дека ниту таа сума не е пресудна за продолжување на соработката со антисемитскиот рапер.

За се виновни се изјавите на раперот од средината на минатата година, во кои тој искажуваше разни гнасни обвинувања кон Евреите, а „врвот“ беше неговата линија на маици и дуксери со симболи на свастика. Вест на крајот се обиде да се извлече од сè повикувајќи се на своето биполарно растројство, но тоа, се разбира, не помина како валиден аргумент.

И додека прекинот на соработката во октомври сам по себе не беше проблематичен поради валидноста на причините, на Adidas им останаа илјадници примероци од колекцијата Yeezy со кои едноставно не знаат што да се прави!

Новиот директор Бјорн Гулден навести дека постои можност сите парчиња да бидат повлечени од продажба, но се шпекулира и дека барем дел од колекцијата би можела да се најде на попуст, со што барем делумно би се решил овој проблем. .

Сепак, вистинските проблеми се оние од финансиска природа. Имено, соработката со Вест на германскиот бренд му донесе приход до 1,3 милијарди долари годишно!

„Ова стана толку драматично бидејќи е неверојатно големо.Ова е навистина значаен сегмент од бизнисот на Adidas кој заврши многу ненадејно“, рече пазарниот аналитичар Том Никиќ за Washington Post и ги објасни опциите:

„Тие се во многу ризична позиција. Секој обид за продажба би можел да има спротивен резултат бидејќи се чини дека тие сè уште се обидуваат да заработат од бренд поврзан со антисемитизмот. Опцијата е да се продаваат патики без етикета, како т.н. „Zombie Yeezis“. Исто така, тие можат да ги продаваат во аутлет продавници или посредници кои би ги продавале на пазарите во помалку развиените земји.’

Уништувањето на застарените парчиња е релативно честа опција за луксузните брендови кои сакаат да избегнат пад на цената и статусот на нивните производи со акумулирање на непродадени модели од постарите колекции. Сепак, поради неетичката природа и негативното влијание врз животната средина, овој потег доаѓа по цена на лош ПР.

Меѓу брендовите кои во минатото имаа пракса да палат или исечат колекции се Victoria’s Secret, Coach, Nike и Louis Vuitton, додека во 2018 година Burberry јавно објави дека, откако уништиле стока вредна 37 милиони долари, конечно ќе ја прекинат ваквата пракса.

На крајот имаше интересен предлог кој на најхуманитарен начин ќе ги реши проблемите на Adidas.

„Тие би можеле да ги донираат овие патики на луѓето погодени од земјотресот во Турција и Сирија“, рече Елизабет Напиер, професорка на Универзитетот во Толедо, која е специјализирана за истражување како модните компании се справуваат со непродадената стока.

Во секој случај,Adidas ќе се најде во невидени загуби бидејќи каква и да донесе одлука за управување со патиките на оцрнетата марка Yeezy, повеќемилионскиот пад на профитот останува загарантиран.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement