Уште од серијата „Среда“, најновата адаптација на приказната за семејството Адамс, емитувана на Нетфликс, Џена преку ноќ се трансформираше во ТВ икона. За нејзината перцепција за кул девојка придонесуваат и интересни детали од нејзиниот приватен живот,детали кои што јавноста ги знае за неа,како и нејзините многу прогресивни ставови. Џена се залага за правата на американските имигранти (нејзините родители се Мексиканци), за правата на ЛГБТ заедницата, започна со собирање средства за девојче болно од рак, што беше интензивно следено во медиумите, го сака фудбалот, со кој се занимава рекреативно,ќе беше фудбалер да не беше актерка, вели таа, а нејзиниот идол е Лионел Меси.
Па… Има ли подобар амбасадор на adidas? Одлуката да се избере Џена Ортега била лесна, велат во adidas, ја гледаат како совршено олицетворение на младата генерација и што ќе претставува новата колекција на adidas. На фотографијата која беше објавена во јавноста, Џена седи во маица од типот на фудбалски дрес и светкави долни долни и патики.

Пионер на многу начини во својата генерација, младата актерка за соработката изјави: “Мојата љубов кон adidas трае со години. Секогаш толку присутнa во спортот, музиката и културата, брендот е иновативен на многу начини. Кога растев,патиките на adidas отсекогаш ми беа најважни и маиците, а денес голем дел од мојата облека ги содржи иконите три риги.Чест ми е што сум заштитно лице на сосема нова етикета. Едвај чекам да ја покажам! Од хит-серијата што ја направи глобално популарна, Ортега црпи инспирација од стилот на готскиот лик Вендеј Адамс, често работејќи со славниот стилист Енрике Мелендез. Носејќи брендови како Dolce&Gabbana, Versace, YSL и Gucci, Ортега се етаблира како стилска икона на новата генерација.
