Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

7 клучни модни додатоци за лето

Ниту едно лето не може да помине без атрактивните модни додатоци кои секој изглед го надоградуваат и го прават посвеж, помодерен и поинтересен.

Кога немате доволно време да се пресоблечете за некој настан, најбрз начин да ја освежите својата гардероба е да одберете некој ефикасен детаљ.

Модните додатоци одамна станаа решение број 1 за надградба на вашиот изглед. За тоа се свесни и дизајнерите, па се трудат во секоја колекција да имаат по неколку атрактивни детали. Ние ви ги претставуваме 7 клучни додатоци за летово.

Clutch ташничка

Општопознато е дека ташните и чевлите се омилениот додаток на секоја модерна девојка. Во последно време специјално место во гардероберот заземаат моделите на clutch торбичките од мека кожа. Најдобриот избор е кога е што помала и во што поинтензивна боја.

1

 

 

Statement ланче

Ланчето стана најпопуларното парче накит, бидејќи на најбрз начин го надополнува не само фустанот, туку и блузата, маицата, џемперот… Но, наместо да одберете примерок од некој познат бренд, посетете некој од локалните модни базари на кои изложуваат младите и талентирани дизајнери и кои се специјализирани за откачени, интересни и ултра-модерни ланчиња.

7

 

Доза металик

Металикот, колку и да ви изгледа чудно, е одличен „неурален“ детаљ за лето. Особено ако го вклопите во гардеробата во вид на секси сандали со ременчиња или класични салонки во металик боја.

2

 

Шешир

Доколку сакате цело лето да имате  кул и лесен стил, наш предлог е да набавите некој ефектен, шик шешир кој на комплетниот изглед ќе ви ја даде онаа, лабава, опуштена нота.

6

 

 

Очила

Ниту едно лето не може да помине без овој додаток. Сезонава се модерни оние со мачкести или преголеми рамки, но и со обоени стакла. Не треба да ве потсетуваме дека ова е најдостапниот детаљ што можете да си го дозволите.

3

 

Ранец

Кратка маица, реси, трегери… Оваа сезона голем број трендови од 90-тите воскреснаа. Меѓу нив е и ранецот. Изберете некој во неон тонови, со поинтензивна боја од природната, од мека кожа или од превртена кожа во розеви, пасателни нијанси со реси.

5

 

Патики

Веќе научивте дека патиките се главниот модел на чевли за ова лето. На вас преостанува да изберете модел и бренд. За што и да се решите, вашиот избор мора да биде во откачени бои и дезени, бидејќи патиките се најдоминатниот детаљ од вашата гардероба.

4

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement