„JLO Jennifer Lopez for REVOLVE“ е ексклузивна линија обувки што ги обединува фановите на Џенифер Лопез и лојалните клиенти на Revole.

Колекцијата претставена од Џенифер и Revolve ќе биде лансирана во три серии, почнувајќи од 16 модели на чевли со скулптурни потпетици, гламурозни метали до украси со кристали и совршени животински принтови.

Првата линија вклучува чевли со висока платформа, чизми до колена, сандали со прерамки и потпетици во трендовски стилови во материјали како велур, кожа, мрежа и сатен кои и даваат на линијата издигнат и шик изглед.

„Во Revole,соработката со влијателни креатори беше еден од клучевите за нашиот успех. Преку овие партнерства,ние сме во состојба да им обезбедиме на нашите клиенти ексклузивни производи што тие можат да ги купат само од нас.Џенифер Лопез е икона на поп културата и инспирација за милиони луѓе ширум светот, така што ексклузивната соработка со нејзината линија,JLO Џенифер Лопез беше совршена за нас. Многу сме возбудени што ќе ја претставиме новата линија на обувки и ќе соработуваме со Џенифер Лопез“, изјави Раиса Герона, директорка на брендот Revolve.
Колекцијата обувки на Џенифер Лопез за Revole веќе дебитираше ексклузивно на REVOLVE.COM.
