Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џенифер Лопез доминира во лежерните изданија: Идеална комбинација за секој ден…

Џенифер Лопез повторно и повторно докажува зошто важи за една од најдобро облечените жени на светската јавна сцена.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез неодамна беше забележана од папараците пред студио за танц во Лос Анџелес. Иако сме навикнати да ја гледаме во беспрекорни тоалети кои ја истакнуваат нејзината витка линија, Џенифер е многу подготвена и да носи лежерна облека.

Така таа беше фотографирана пред студиото во комбинација која сè почесто имаме прилика да ја гледаме во слична варијанта на нашите девојки.

Имено, таа носеше предимензионирани фармерки и бел широк џемпер, кој всушност претставува идеална комбинација кога сакате да бидете опуштени и да изгледате убаво.

Под широките ногавици беа видливи бели чевли-патики, кои на изненадување на модните стручњаци одлично се совпаѓаа со стајлингот.

.

Што се однесува до модните детали, таа носеше таканаречени пилот очила, чанта со потпис на модната куќа „Dior“, а од накит избра да стави сребрени алки.Пејачката ја врза својата долга коса во високо опавче, и ја така ја заокружи оваа опуштена модна приказна.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement