Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ќерката на Џони Деп се појави во култното издание на неговата поранешна девојка…

Лили-Роуз Деп и оддаде почит на една од најпознатите светски супермодели, која сосема случајно е поранешна девојка на нејзиниот славен татко.
За насловната страница на пролетното издание на магазинот i-D, 23-годишната ќерка на Џони Деп позираше топлес облечена во француски Chanel фармерки, а како дел од модниот едиторијал го рекреираше иконското издание на британскиот стил од 90-тите.

На лондонската забава на модната агенција Elite во 1993 година, легендарната Кејт Мос со ова издание се појави во целосно проѕирен фустан, влегувајќи во модната историја.

Како Мос, наследничката на Деп позираше за едиторијалот на списанието i-D во речиси идентичен број, со цигара во рака за целосно да го рекреира овој моден момент.

И додека култниот проѕирен фустан на Кејт Мос го дизајнираше Лиза Брус, верзијата видена на Лили-Роуз Деп ја дизајнираше дизајнерот Мартин Кин.

Таткото на Лили и иконата на британскиот стил беа заедно од 1994 до 1998 година, а минатата година Кејт повторно се поврза со холивудската ѕвезда, како клучен сведок во неговиот судски случај со поранешната сопруга Амбер Херд.

Како и нејзината мајка, француската кантавторка Ванеса Паради, Лили-Роуз Деп е заштитно лице на модната куќа Chanel,а многумина со нетрпение ја очекуваат премиерата на новата серија на HBO, „Идол“, во која ќерката на Деп ја игра главна улога.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement