Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

ШОН МЕНДЕС И СЕ ПРИКЛУЧУВА НА СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН ВО НОВАТА КАМПАЊА НА DAVID YURMAN „NATURE’S ARTISTRY“…

Прославениот американски бренд за накит David Yurman го именуваше пејачот/текстописец Шон Мендес за свој најнов амбасадор на брендот.

Музичарот номиниран за Греми се придружува на амбасадорката на брендот Скарлет Јохансон, актерка и филантроп.

Под наслов „Уметноста на природата“, кампањата David Yurman 2023 ја слави природата како постојан извор на инспирација за брендот. Кампањата не повикува да ја обновиме нашата почит кон светот околу нас.Серијата фотографии и кратки филмови ги прикажуваат Шон Мендес и Скарлет Јохансон како се релаксираат во природен амбиент.

Како бренд основан од уметници со долгогодишна посветеност на уметноста, новата кампања ја доловува суштината на брендот David Yurman.

„Кога ја дизајниравме кампањата „Уметност на природата“, знаевме дека би било од суштинско значење да донесеме таленти кои се инспирирани од светот околу нас и да дозволиме нивните креативни инстинкти да ги водат во сè што прават.

И Скарлет и Шон се совршени уметници кои блескаат во кампањата опкружени со природната и мирна средина во која позираат“, рече претседателот и главен креативен директор на Yurman, Дејвид Јурман. Рекламната кампања ја фотографираше познатиот моден фотограф Глен Лахфорд.

„Многу сум возбуден што ќе работам со таков неверојатен бренд како David Yurman и што ќе бидам дел од кампања која ја слави природата и креативноста“, рече Шон Мендес за новата соработка.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement