Реалити ѕвездите Кардашијан се многу влијателни во светот на модата и поставуваат модни трендови за времето што доаѓа.
Не е тајна дека сестрите Кардашијан имаат свои стилисти и креатори, кои го дизајнираат нивниот стајлинг, но и ги кројат нивните фармерки.
Ким Кардашијан повторно гостуваше во познатото шоу „Carpool Karaoke“ со Џејмс Корден, а заедно се фотографираа во Малибу.
Ким носеше монохроматска трик-маица која ја стави внатре во широките црни фармерки. Широките фармерки беа скинати на бутовите и колената.
Иако тесните фармерки беа ултра популарни пред години, полека, но сигурно широките модели го преземаат приматот.Се истакнуваат моделите со висок струк, кои ја издолжуваат фигурата, додека широките ногавици ја нагласуваат удобноста и лежерноста.

Популарни се оние до глуждовите, но и овие, малку подолги ако ги носите со чевли на високи потпетици, а со тоа визуелно ги издолжуваат нозете.
