Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Одат буквално со се! Омилените рамни чевли на принцезата Дијана добија нова верзија – и секој детал ќе ве изненади…

Да беше жива денес, принцезата Дијана веројатно уште почесто би го носела овој модел поради сите новитети кои се воведени.

Покојната принцеза од Велс Дијана, меѓу другото, остана запаметена и по нејзиниот исклучителен стил на облекување, кој беше подеднакво волшебен и во најсвечените моменти и во лежерните ситуации.

Лејди Ди до денес е одлична модна инспирација, како за трендсетерките, така и за дизајнерите, а на социјалните мрежи особено е популарен нејзиниот секојдневен начин на облекување.Кој друг може да ги заборави фотографиите на Дијана како се шета во и дуксер и бициклистички додека ги држи клучевите во уста и претура низ нејзината чанта?

Иако ретко повторува парчиња, принцезата Дијана ја имаше и својата омилена облека и чевли на кои понекогаш се навраќаше.

Меѓу нив секако беа и велурните мокасини кои таа често ги носеше во текот на деведесетите и кои се многу тренди веќе неколку сезони. Минатата година мокасините беа меѓу трите најпребарувани модни артикли на Google, а се очекува и оваа година да бидат многу популарни.

Изборот на принцезата Дијана беа мокасини со потпис на италијанската модна куќа Tod’s, поточно моделот Gommino, едноставни чевли со класичен дизајн и рамен ѓон.Овие чевли за прв пат беа претставени во 1978 година и веќе беа класика кога Ди ги откри, тие се удобни, практични, одат со секој стил и ги сакаат и мажите и жените.Најновите модели на мокасини Gommino се целосно рачно сошиени и имаат карактеристични гумени топчиња на ѓонот во светли бои, од жолта до лилава.

Тие горе-долу го задржаа изгледот што го имаа кога ги носеше принцезата Дијана, но може да се персонализираат: брендот ви нуди да изберете материјал, боја, гумени топчиња, детали во форма на токи, па дури и метод на шиење. .

На некој начин, вие станувате свој дизајнер. Замислете само што би направила Лејди Ди кога би имала таква опција…

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement