Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Овие две дами се доказ дека празниците не можат да поминат без сјај,гламур и елеганција…

Празниците се секогаш за светли бои и, се разбира, сјај. Иако многумина сметаат дека светките се застарени, модните експерти не би се согласиле со нив. Меланија Трамп и Ева Лонгорија докажуваат дека сјајот е секогаш пожелен, особено за време на празниците.

Овие две дами блеснаа во најлудата ноќ, а нивните фустани можат да послужат како инспирација за настан важен за вас.

Меланија за новогодишната вечера носеше фустан со сребрени светки со долги ракави и до колена. Овој прекрасен фустан го потпишува модната куќа  “Dolce & Gabbana” и чини 2.000 евра. Меланија го заокружи својот стајлинг со сиви светкави чевли кои одлично одеа со овој фустан.

Уште една дама која ги воодушеви сите со својот новогодишен стајлинг е актерката Ева Лонгорија. Актерката носеше прекрасен светкав фустан со храбар дизајн изработен од проѕирен материјал.

На нозете имала високи потпетици, чиј горен дел бил од ПВЦ материјал, па на прв поглед изгледало како актерката да е боса. Комбинацијата ја зачини со нараквица, висечки обетки и шминка која и даваше посебен шмек.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement