Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ова шик издание не е за срамежливите: Шерон Стоун секогаш знае како да ве натера да ги вперите погледите само во неа…

Актерката Шерон Стоун неодамна наполни 65 години, а синоќа одржа модна лекција и ни покажа како да ги украдеме сите погледи во одело.

Актерката Шерон Стоун е позната по својот шик стил и дека дури и навидум едноставна комбинација може да даде уникатен шмек.

Таа се појави на настанот “Honot in their Words”по повод 50 години од Виетнамска војна минатата ноќ и изгледаше апсолутно неверојатно.

Ѕвездата на „Ниски страсти“ неодамна го прослави својот 65 роденден, а вчера ги воодушеви сите на еден холивудски настан.

Таа за црвениот тепих избра монохроматски аутфит во форма на црвен костум.Сепак, она што прво го привлече вниманието е горниот дел од комбинацијата, кој се состоеше од блејзер кој беше благо струкиран,а кој имаше едно „копче“ во форма на голем златен катанец.

Шерон не носеше ништо под сакото, а деколтето уште повеќе го истакна со долга огрлица со нежен детал.

Долниот дел од оваа шик комбинација го сочинуваа панталони со широки, лелеави ногавици и златни потпетици.

Холивудската ѕвезда за овој настан целото лице уште повеќе го истакна со предимензионирани очила.

Што се однесува до шминката, актерката се задржа на бронзените нијанси.

Иако беше без ич шминка, лицето го истакна со руменило во бронзена нијанса и невпечатлив сјај за усни.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement