Откако беше откриено дека е во романтична врска со Бред Пит, Инес де Рамон во последните месеци беше под очите на јавноста.
По доделувањето на Gem Awards во Њујорк, наскоро поранешната сопруга на актерот Пол Весли се врати во Лос Анџелес.
На дежурните папараци таа не успеа да им побегне од радарот, шетајќи во стајлинг со акцент на сива боја.

Како и Џоли,така и новата избраничка на Бред Пит не ја крие својата наклонетост кон парчињата со класичен изглед и во духот на модниот минимализам. На нејзиниот елегантен стајлинг низ улиците на Лос Анџелес доминираше предимензиониран капут до колена,исто така и комбинација од црна маичка и сиви фармерки.

Каубојките и големи очила за сонце помогнаа да се заокружи овој трендовски изглед.
Во ноември минатата година Бред Пит јавно ја објави врската со 30 години помладата Инес де Рамон, а изворите тврдат дека станува збор за се посериозна врска во која парот се поддржува еден со друг среде разводната постапка низ која минуваат.
