Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Нема да знаете која попрво да ја погледнете: Деми Мур сподели фотографии со бремената ќерка – сите го коментираат нивниот стајлинг…

Една од најпопуларните светски актерки наскоро ќе стане баба.Познатата холивудска актерка Деми Мур не ја крие радоста поради тоа што наскоро ќе стане баба.

На ревијата на еден од најпознатите светски брендови, убавата актерка Деми Мур и нејзината бремена ќерка Румер Вилис блеснаа со своите совршено координирани тоалети.

Изгледа дека добро размислиле каков треба да биде нивниот моден избор за овој важен моден настан и се усогласиле – овој пат и двете избрале комбинации во црна боја.

Според извор кој зборуваше за Us Weekly минатиот петок, Деми со нетрпение го очекува доаѓањето на нејзиното внуче и веќе и помага на својата ќерка Румер на различни начини – размислувајќи за градинката, изборот на име за бебето, купувајќи ѝ книги за очекувањата, препорачувајќи и ги витамините и секако споделувајќи ги искуствата од времето кога била бремена.

Румер ја објави својата бременост на крајот на декември, токму во времето кога нејзината мајка беше номинирана за наградата Еми. Таа на своите социјални мрежи објави дека „влегува во ерата на жешка и луда баба“, а нејзините милиони следбеници се воодушевени од начинот на кој објави дека наскоро ќе пристигне нов член во нивното семејство.

Румер за ревијата на Versace избра тесен црн фустан, кој одлично го истакна нејзиниот труднички стомак.

Од друга страна, нејзината мајка Деми и покрај тоа што е во седмата деценија, блесна во малку необична комбинација.

Таа секогаш се потпира на стилистот Бред Горески при изборот на својата гардероба, па не е изненадување што секогаш изгледала фантастично.

Деми за оваа прилика избра проѕирна блуза, одело со панталони, а она што ги изненади сите е прекрасното здолниште.

Деми предизвика многу полемики со овој стајлинг, но речиси сите се согласија дека навистина изгледа импресивно.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement