Викторија Бекам во четвртокот присуствуваше на комеморацијата на починатата дизајнерка Вивиен Вествуд.Поранешната членка на Spice Girls, Викторија Бекам (48) и оддаде почит на модната икона Вивиен Вествуд. Смртта на Вивиен беше објавена уште во декември, откако таа мирно почина на 81-годишна возраст во својот дом опкружена со семејството.
За таа прилика, убавата Викторија облече црн фустан припиен за телото и имаше голем шлиц, кој во еден момент ги откри нејзините витки нозе.
Фустанот беше обложен со незабележителни светки, имаше долги ракави и целосно затворен горен дел. Целата комбинација ја комплетираше со високи потпетици кои дополнително ја издолжија нејзината и онака витка фигура.
За да ја сокрие тагата што беше видлива, Викторија носеше големи очила за сонце кои едвај ги вадеше за време на целата комеморација. Викторија изгледаше скршено додека пристигнуваше во катедралата Саутварк во Лондон.
Кејт Мос, Лили Кол, Лејди Амелија Виндзор и актерките Кетрин Џенкинс и Ел Фенинг беа меѓу најголемите имиња кои се појавија на богослужбата.
По смртта на Вивиен Вествуд, нејзиниот сопруг и креативен партнер Андреас Кронталер рече:
- Ќе продолжам да работам носејќи ја Вивиен во срцето. Работевме до крај и таа ми даде многу работи да продолжам. Ти благодарам драга.

Во изјавата на нејзините претставници се додава:
- Вивиен продолжи да ги прави работите што ги сакаше, до последен момент, дизајнирајќи, работејќи на нејзината уметност, пишувајќи ја својата книга и менувајќи го светот на подобро. Таа водеше неверојатен живот. Нејзините иновации и влијание во изминатите 60 години беа огромни и ќе продолжат и во иднина.
Исто така, се вели дека Фондацијата Вивиен, непрофитна компанија основана од нејзините синови и внука кон крајот на 2022 година, ќе биде лансирана следната година за „да го почитува, заштити и продолжи наследството од животот, дизајнот и активизмот на Вивиен“.

Нејзините дизајни редовно ги носеа личности од висок профил, вклучувајќи ја Дита фон Тиз која носеше виолетова венчаница од Вествуд за да се омажи за Мерилин Менсон и принцезата Јуџини која носеше три дизајни од Вествуд за различни елементи од свадбата на Вилијам и Кејт Мидлтон.
Дизајнерката беше во голема мера одговорна за анти-естаблишмент панк модата и стана позната по нејзиниот субверзивен и ексцентричен став на традиционалниот британски стил.
