Никол Кидман во црн фустан со отворен грб на забавата на Vogue.
Австралиската актерка Никол Кидман не може да погреши кога станува збор за модните избори. Благодарение на нејзината витка линија и висина на која би и позавиделе и манекенки, на познатата русокоса се одлично и прилега. Никол има префинет моден стил, па ја нарекуваат најголемата дама на Холивуд, а секое нејзино појавување на црвениот тепих е вистински рај за модните познавачи.

На забавата на „модната библија“ се потрудила посебно да блесне. Имено, австралиското издание на магазинот “Vogue“ го прослави именувањето на новата главна уредничка на магазинот Кристина Сентенера, а за оваа прилика Никол облекла долг, ефективен фустан со светки и проѕирни детали.Најголемо внимание привлече деколтето на грбот.Актерката се одлучи за фризура со романтична црна свилена машна, а остатокот од облеката исто така беше во црна боја –кожни салонки, јакна и мала чанта на Kristijan Lobutin.

