Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Мрежестиот фустан на Салма Хајек на црвениот тепих засени се останато…

Во Мајами, Флорида, се одржа светската премиера на филмот „Магичен Мајк: Последниот танц“. Во тој град, познат по забавите и незаборавните ноќи, се одвива дејството на филмот, во кој заедно со Ченинг Тејтум ја гледаме Салма Хајек во улогата на богаташката Максандра Мендоза, со која Мајк бега во Лондон надевајќи се дека тоа е последна авантура.

Максандра му дава на Мајк понуда што не може да ја одбие, со некоја задна намера, и кога Мајк ќе го открие нејзиниот план, тој треба да се запраша дали тој и новите жешки танчери што ќе треба да ги оформи можат да го направат невозможното?

Звучи како возбудлив заплет за „Magic Mike: The Last Dance“, кој го враќа згодниот Ченинг Тејтум како Волшебниот Мајк. А Салма Хаек изгледаше магично на светската премиера на филмот во Мајами, облечена во предизвикувачки мрежест фустан на модната куќа Gucci.

Црниот фустан со макси должина е украсен со голем цветен вез, а под него јасно се гледаа црни градник и гаќички.


Бомбастичното издание актерката го комплетираше со златни сандали со платформа и дебела потпетица и чанта во зелена боја од брендот Bottega Veneta.

Гламурозниот стајлинг на Салма Хајек за премиерата беше дополнително подигнат со неколку впечатливи парчиња накит.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement