Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Моника Белучи го освои Париз во огнено издание: Елеганцијата е нејзиното второ име…

Италијанската актерка Моника Белучи присуствуваше на доделувањето на наградите Цезар во Париз. Актерката и понатаму многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, а дека не грешат докажала и на овој настан.

Моника за оваа пригода избрала раскошен црвен фустан со интересни плисирани детали. Фустанот е изработен од проѕирен, лелеав материјал и ја истакнува фигурата, бидејќи е струкиран.

Ракавите се шират и изгледаат како наметка, а овој детал навистина прави фустанот да изгледа магично.

Целиот стајлинг актерката го заокружи со дијамантски ѓердан и црвена чанта.

Кога станува збор за бојата на фустанот што го носеше Моника, многумина мислат дека испратила порака. Имено, Моника се појави во Париз само неколку дена откако беше забележана како се бакнува и шета по улиците на Мадрид со режисерот Тим ​​Бартон.

Поради ова, многумина мислат дека црвената боја значи дека е заљубена и сакана.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement