Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Моден максимализам во режија на латино дивата: Џенифер Лопез го украде шоуто во луксузен и предизвикувачки фустан…

Иако го прескокна позирањето на црвениот тепих на овогодинешните Греми награди, латино дивата блесна на сцената на доделувањето, подарувајќи му златна статуетка грамофон на Хари Стајлс.


Пред повеќе од две децении, Џенифер Лопез влезе во модната историја на Греми со иконскиот фустан на Versace.На новото, 65-то доделување на Греми наградите, деколтето повторно беше клучен детал од нејзиниот стајлинг.

Во улога на водителка, Лопез се искачи на сцената за да му ја врачи наградата во категоријата најдобар поп вокален албум на годината на нејзиниот британски колега Хари Стајлс. Таа во оваа прилика блесна во гламурозна, полноќна сина креација со потпис на модната куќа Gucci и нејзиниот поранешен дизајнер Алесандро Микеле.

Модниот максимализам, како што верно го пропагираше Микеле за време на владеењето во Gucci,не и е туѓ на 53-годишната Лопез, како што докажа со ова издание.

Фустанот на Микеле за Gucci,со детал од раскошни украси и блескави реси кои го красеа секој дел од оваа креација, меѓу другото беше нагласен со неколку скапи, „змиски“ ланчиња од брендот Bvlgari.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement