Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Марго Роби во издание кое ја издолжува фигурата: 750 часа и 30.000 украси за изработка на фустанот…

Во средата во Лос Анџелес се одржа 80-тото доделување на Златните глобуси.Како и секогаш,повеќе се зборува за свечени тоалети на црвениот тепих отколку за наградувани филмови и серии.

И додека манекенката Хајди Клум ја освои титулата најлошо облечена на Златните глобуси, се прашуваме дали младата актерка Марго Роби е на потесниот избор за најдобро стилизирана славна личност.

Холивудската актерка Марго Роби синоќа носеше прекрасен фустан на Chanel, за кој беа потребни 750 часа изработка и 30.000 украси како светки, монистра и пердуви, пишува VSJ.

Розовата нијанса на фустанот која ја следеше линијата на телото на познатата актерка и ја истакна нејзината совршена линија направи Марго Роби да изгледа како принцеза на Дизни.

Посебно внимание привлече еден детаљ, а тоа е ѕвезда од циркон на вратот, која е сошиена во фустанот.

Минималната шминка и пуштената фризура го заокружија овој беспрекорен стајлинг.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement