Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

КЕЈТ МОС ВО ГЛАВНАТА УЛОГА НА НОВАТА КАМПАЊА НА MARC JACOBS…

Супермоделот Кејт Мос се врати на сцената и е подобра од било кога, а овој пат се појави во кампањата Marc Jacobs Resort 2022/23.

Иконата на модниот свет долги години соработува со големиот бренд, а за прв пат се појави во кампањата на американскиот дизајнер есента 2000 година. Овој пат таа блесна со розова коса, поради што долго ќе се памети.

Позирајќи за Harley Weir, Кејт Мос го канализираше стилот од почетокот на 2000-тите за оваа колекција, носејќи чевли на платформа, светли тексас графички принтови стилизирани од Даниеле Емерсон. Друга ѕвезда на оваа кампања е чантата Bucket, која претставува безвременска стилска чанта од познатиот дизајнер.

Изработена од мека кожа, со рачка во стил на јаже, чантата зрачи со префинетост и самодоверба. Со прилагодлив ремен кој го комплетира нејзиниот изглед, одлично се комбинира со аутфитот што го носеше Кејт. Супермоделот ги претстави и чизмите Kiki со платформа, кои имавме можност да ги видиме на модната писта на овој бренд.

Завршувајќи го својот изглед, фризерката Синди Харви работеше на нејзината розова коса, додека беспрекорната шминка ја прави Исамаја Френч.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement