Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кејти Холмс во јакна за која магазинот”Vogue” тврди дека е единствената јакна што ви треба за пролетните денови…

Преминот од зима во пролет е често предизвикувачки кога станува збор за облекувањето, а ако ги прашате модните уредници на Vogue, токму тука стапуваат во игра ватираните јакни како совршено преодно парче.

Тоа е парче што е еднакво шик и разноврсно, го олеснува поставувањето на слоеви и оди со многу парчиња во вашата гардероба.

Ватирани јакни се популарно парче облека веќе неколку сезони. Меѓу првите што се појавија на пазарот беше ватирана јакна со предимензиониран крој, која беше креирана во креативната работилница на The Frankie Shop, но набрзо и други продавници ги објавија своите (подостапни) верзии, кои станаа голем хит меѓу љубителите на модата.

На ватирана јакна во популарната зелена боја не одолеа ниту актерката Кејти Холмс која ја облече на неодамнешната прошетка во Њујорк.

Актерката под сакото носеше бела широка кошула, која ја комбинираше со фармерки со широки ногавици до глужд.

Кога станува збор за обувките, таа се одлучи за удобни патики од модната куќа Chloe. Станува збор за модел на Nama, на кој се издвојува рачно сошиениот мрежест горен дел, а на патиките белег на препознатливост им дава логото на модната куќа на задната страна. Цената на патиките е 795 долари (737,56 евра).

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement