Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кендал Џенер знае како да привлече внимание во зимска облека, вистинска ѕвезда се омразените чизми околу кои се кршат копја…

Супермоделот Кендал Џенер, една од најплатените модели на денешницата и член на најпознатото ријалити семејство во светот, со својот стил на облекување е голема инспирација за љубителите на модата ширум светот. Згодната бринета последните неколку дена престојува во познатиот американски ски-центар Аспен во Колорадо, каде и покрај ниските температури, редовно избира стилски комбинации без маани. Не бегајќи од носење екстравагантна облека што предизвикува контроверзии, манекенската ѕвезда потврди носејќи зимски винтиџ капут со класични слаби фармерки, а ѕвезда на аутфитот беа омразените чизми кои е невозможно да не се свртите за да ги погледнете.

Манекенката Кендал Џенер не крие колку ги сака модните игри, а нејзините комбинации редовно привлекуваат внимание.

Познатата 27-годишна ѕвезда своите аутфити ги темели на едноставни парчиња кои ги комплетира со аксесоар за изјава, исто како што беше случај на улиците на познатата зимска дестинација Аспен.

Во пресрет на пониските температури, доброто палто е апсолутно задолжително во гардеробата на секоја трендсетерка, а Кендал Џенер посегна по винтиџ модел изработен од брусена кожа, дизајниран од брендот Simon Miller.

Таа го спои со едноставна бела маичка и класични тесни фармерки од популарниот американски бренд Khaite.

Наизглед едноставната комбинација на постарата сестра на магнатот за убавина Кајли Џенер е надополнета со „грди“ чизми околу кои се кршат копја. Погодни за зимски температури, каубојските чизми се надополнети со бушаво вештачко крзно и се дело на њујоршкиот бренд за улична облека R13.

Атрактивната манекенка на главата носеше ретро очила за сонце на италијанскиот моден гигант Gucci,а чантата со реси дојде како круна на овој западен зимски изглед.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement