Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

ИРИНА ШАЈК ВО ГЛАВНАТА УЛОГА НА НОВАТА КАМПАЊА НА ВИВИЕН ВЕСТВУД…

Фотографирана во театарски амбиент, новата кампања на Вивиен Вествуд пролет 2023 ја предводат манекенката Ирина Шајк и дизајнерот Андреас Кронталер…

Позирајќи во улоги на театарска трупа пред објективот на Јирген Телер, во составот на модели беа Амелија Греј Хамлин, Ларс Ајдингер, Џиашан Лиу, Шериф Дуамба, Сибил Бак и многу други. Супермоделот Ирина Шајк се најде во центарот на вниманието на новата кампања, облечена во црно-бел фустан со тул, боди со дезен и совршено скроен костум. Фотографот Јирген Телер направи серија фотографии со темна позадина, додека одлучи да направи и на отворено.

Кронталер бил инспириран од делото на Кетрин Рундел, особено од Super-Infinite – The Transformations of John Donnе кога ја создал оваа фантастична колекција, која совршено ја оживеа ѕвездената екипа на модели.

Кампањата канализира силна енергија и ја слави убавината на индивидуалното изразување. Моделите носат смели дезени, живописни бои и луксузни материјали, кои го одразуваат стилот на Вествуд, потпирајќи се на нејзиното трајно влијание врз модниот свет.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement