H&M Move лансира нова колекција која на сите ќе им ја обезбеди потребната доза енергија за почеток на годината, но и удобност при движење – без разлика дали одите, трчате, прескокнувате, скокате, се наведнувате или се истегнувате. Колекцијата Empower е наменета за жени, мажи и деца, а ќе биде достапна ширум светот од 12 јануари.

Колекцијата обезбедува удобност и вклучува комбинезони, хулахопки, градници и маици со кратки ракави изработени од DryMove™ – материјал кој гарантира леснотија на движење додека ја апсорбира влагата од кожата. Контрастните плетени структури со портокалова и кобалт сина ја прават оваа колекција модерна и погодна за носење, што најдобро го потврдија лидерите на движењето HM Move на Џејн Фонда, Златан Ибрахимовиќ и Џакуел Најт, кои ги поттикнуваат луѓето ширум светот да се движат.

„Секој од нас може да биде во движење, важно е само да ја најдеме активноста што ни се допаѓа, која ни одговара. Затоа истражувајте, пробајте нешто ново. Да се биде активен значи да се забавуваш. Ако можам да ги инспирирам луѓето да направат нешто за себе и за своето тело, среќен сум и го сметам за мој успех“, вели Златан Ибрахимовиќ, професионален фудбалер.

Покрај Џејн, Златан и Џакуел, на тимот на H&M Move им се придружи и професионалната фудбалерка и докторка, Надија Надим.
„Секојдневното движење е добро бидејќи влијае на вашето психофизичко здравје, го подобрува квалитетот на вашиот живот и менува многу работи околу вас на подобро“, нагласува Надја Надим, професионална фудбалерка и иницијатор за промени.
