Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Жива барбика во фустан инспириран од 63-годишното издание на познатата кукла…

Иако сите очекуваа да ја видат во розов фустан, Марго Роби за најважниот моден момент во кариерата избра тоалет кој е добро познат – иако ниту една жена досега не го носела.

Во Лос Анџелес се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм на Грета Гервиг „Барби“ во кој во главната улога ќе ја видиме австралиската актерка Маргот Роби.

Од почетокот на работата на овој филм, славната актерка најчесто избира комбинации инспирирани од познатата кукла, а најмногу ја гледаме во розови комбинации.Таа е најзаслужна за трендот на барбики, кој е доминантен веќе една година, откако се појавија првите фотографии од сетот на оваа продукција, а Марго до сега ја видовме во бројни стилови кои личат на зголемени верзии на облеката на Барби.Затоа светот на модата нетрпеливо чекаше да види што подготвиле Маргот Роби и нејзините стилисти за светската премиера на „Барби“, а таа изненади.

Актерката на премиерата пристигна во црн фустан дизајниран од Schiaparelli Haute Couture, а тоа е исклучително парче од високата мода. Марго се појави во фустан со миди должина припиен за телото, кој завршува со ефективни и драматични детали од тул.

Има и суптилна црвена роза, ситни светки,елегантни црни ракавици и црни папучи Маноло Бланк.

Инспирација за ова модно издание беше Барби од едицијата „Соло во центарот на вниманието“ од 1960 година, а Марго ова издание го заокружи со дијамантски чокер направен од неколку реда ѓердани и гламурозна фризура која потсетува на златното доба на Холивуд.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement