Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Дефиницијата за кралска елеганција Кејт Мидлтон ја покажа со нова комбинација…

Принцот Вилијам и принцезата Кејт го посетија првиот баталјон на велшката гарда и присуствуваа на парадата за Денот на Свети Давид во Виндзор. За да го прослават заштитникот на Велс, кралската двојка им подари праз на офицерите и чуварите. Празот е велшки симбол и често се јаде на 1 март во супи или чорби.

За оваа пригода Кејт облече долг црвен капут во кој блескаше.

Црвениот капут го сочинуваше речиси целиот нејзин аутфит, бидејќи не се гледа што носела принцезата под него.

Капутот го дизајнираше нејзината омилена модна куќа “Alexander Mcqueen” и чини неверојатни 3.400 евра. На палтото ставила брош од сребрен праз.

Она што исто така ја сочинува нејзината комбинација се црн шал, кожени ракавици, но и интересна црна капа и чанта „Мulberry“.

Според странските медиуми, Кејт најверојатно носела црвено здолниште под палтото,додека пак црните чизми беа на брендот na „Gianvito rossi“.Иако сме навикнати Кејт да ја гледаме со пуштена коса,овој пат имаше прекрасна елегантна пунџа украсена со плетенки, а до израз дојдоа обетките со цвеќиња.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement