Кампањата оддава почит на историското потекло на иконската чанта Gucci.
Jackie 1961 е една од најпознатите чанти на брендот Gucci. Беше дизајнирана како чанта за полумесечина и првично беше именувана како „Fifties Constance“, сè додека поранешната прва дама на САД ,Џеки Кенеди Оназис одлучила дека оваа чанта одлично и прилега и почнала да ја носи насекаде од 60-тите. Според тоа,Gucci ја нарече чантата по жената која вртоглаво ја зголеми популарноста на дизајнот, правејќи ja Jackie 1961 иконски елемент на колекциите на куќата, ажурирани со текот на годините од уметничките директори како Том Форд и неодамна Алесандро Микеле. еволуира во една од најпрепознатливите чанти.
За 2023 година, модната куќа нè запозна со новите ажурирани верзии на чантата – а Дакота Џонсон е протагонистката на новата кампања.
Новата кампања на Gucci за иконската чанта која дебитираше во 1961 година се фокусира на нејзиното историско потекло и присуство во рацете на познатите личности, особено во 60-тите и 70-тите години.
Како и легендарната прва дама, Дакота Џонсон беше фатена и снимена – од Глен Лачфорд – во различни моменти од нејзиниот секојдневен живот во Лос Анџелес – на пример кога ја напушта теретаната, кога пазарува во супермаркет, на ручек, па се до вечерни излегувања каде, се разбира, ја чекаат блесоци на фотографи – секогаш носејќи ја Gucci 1961, а особено моделите што ќе се најдат во колекцијата за зима 2023. Меѓу нив се издвојува кобалтно-сината верзија што Дакота Џонсон ја носеше со спортска облека , но и двобојната верзија на кроко змиска кожа која таа ја избира за своето вечерно излегување.
Новата колекција Jackie 1961 има три различни големини – мини, мала и средна – во широк спектар на бои, што секако ја претставува вродената флексибилност на дизајнот – бидејќи тоа се рефлектира и во различните снимки и аутфити на Дакота Џонсон во кампањата.Чистите линии го ставаат фокусот на уникатната тока на чантата, но и на квалитетот на самиот материјал, без разлика дали се работи за кожа, лакирана кожа или култното платно GG Supreme. Подолгото кожно ременче или синџир што може да се откачи ја подобрува приспособливоста и практичноста на Jackie 1961. Во секоја колекција, куќата препорачува креативни реинтерпретации на чантата, како што се моделите на рафија и слама, како и кадифени дезени од колекцијата Cruise 2023.
Проверете го видеото од кампањата подолу, кое доловува уште повеќе моменти на Дакота Џонсон од нејзиниот секојдневен живот во Лос Анџелес со Gucci Jackie 1961 кој го комплетира секој изглед:
