Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Дакота Џонсон на модната недела во Милано пристигна во жешки парчиња од Gucci,додека пак чантата беше круната на стајлингот…

Ревијата на Gucci како дел од Миланската модна недела привлече многу познати фаци како Салма Хајек, Кјара Ферањи, членовите на бендот Måneskin,Џули Гарнер од серијата ‘Ozark’, но вниманието го украде Дакота Џонсон, која пристигна облечена во парчиња со потпис на познатиот италијански бренд…

Откако стана главна ѕвезда на кампањата на Gucci за чантата Џеки1961, 33-годишната актерка Дакота Џонсон не се одвојува од нејзините многубројни верзии и стајлинг.

Познатата наследничка на поранешната актерска двојка Мелани Грифит и Дон Џонсон на ревијата на Gucci во рамки на Миланската модна недела ги привлече сите погледи.

Хероината од филмот „Убедување“ го збогати својот изглед со ефективни додатоци кои не остануваат незабележани.Така во центарот на вниманието се најде чантата Jackie 1961, верзија со детали за нитни и шилци и зелено ременче, која моментално е недостапна за продажба.

Дакота Џонсон за да постигне дополнителен глам посегна по безвременски црни чизми со потпетици и боди украсено со логото на овој познат италијански бренд.

Чантата, на која многумина и предвидуваат култен статус, ѕвездата на филмот „50 нијанси сиво“ неодамна ja прошета по улиците на Санта Моника кога комбинираше класична тексас јакна со панталони со широки ногавици кои не се симнуваат од тронот.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement