Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Гламурозно издание,го врати духот на стариот Холивуд,Адел го освои 16-тото Греми во кариерата, овојпат за песната „Easy on Me“…

Во Лос Анџелес се одржа 65-тото доделување на Греми наградите, а оваа престижна церемонија собра бројни познати личности. Како и обично, сите гости се потрудија со своите тоалети и фризури, кои беа подготвени денови однапред.

Адел се прошета на црвениот тепих на Греми по шестгодишна пауза, а нејзиниот аутфит беше прекрасен. Таа избрала плишан бордо фустан „Louis Vuitton“, со кој искомбинирала салонки во иста нијанса. Ефективните украси донесоа допир на грациозност, а дијамантските обетки ја зачинија целата комбинација.Адел имаше карактеристична шминка. Музичката дива секогаш со шминка ги истакнува очите, нанесува лајнер и тешка маскара во неколку слоеви. Нејзините фризури се најчесто со многу волумен, па затоа и за оваа пригода одбрала раскошни бранови.

Адел ослабе многу по разводот со сопругот Сајмон Конеки. Заради своето здравје следела диета од 1000 калории дневно и редовен тренинг, а резултатот е 45 килограми помалку. Музичката ѕвезда ја следеше диетата Сиртфуд, која ја практикуваа и познатите личности како Пипа Мидлтон, но која според лекарите има бројни негативни страни.

„Со внесување само 1.000 калории, многу луѓе ќе останат гладни. А ако дозволената храна не е на листата на нивните омилени, тие би можеле уште повеќе да копнеат за храна. Тринеделната апстиненција може да доведе до прејадување, особено во втората фаза од диетата“, вели д-р Каролин Аповиан, специјализирана нутриционистка која ја советува за урамнотежена исхрана.

„Сметам дека здравата и урамнотежена исхрана, која вклучува протеини, различни овошја и зеленчук, како и житарици од цели зрна, е најздравиот и најодржлив начин за слабеење и одржување на телесната тежина“, заклучува др.Аповијан.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement