Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Во пресрет на 65-тите Греми награди, во Лос Анџелес беше организирана специјална забава на која се собраа холивудските ѕвезди и повторно покажаа зошто некои од нив се ненадминати стилски икони…

На овој гламурозен настан присуствуваше и познатата актерка Шерон Стоун, која прошета во уникатна креација на модната куќа ACT N°1 основана од дизајнерите Галиб Гасаноф и Лука Лин.

Бидејќи овој бренд е мултикултурен, тие често се потпираат на кинески и азербејџански мотиви во нивните креации, па затоа креативните и провокативни креации со раскошни детали се нивниот заштитен знак. Веќе знаеме дека Шерон е секогаш подготвена за експерименти и впечатливи комбинации.

Нешто слично облекла и Шерон, комбинација која дефинитивно нема да ја носите на обичен состанок. Нејзината розова фантазија се состоеше од јакна со волуменозно здолниште од тул. Ова модно издание беше претставено и на модната недела во Милано 2022 година.

Интересно е тоа што под раскошното и накитено здолниште ѕиркаа црвени чевли, додека познатата актерка сè комплетираше со големо ланче со вкрстен привезок. Немаше ништо под сакото, па дополнително го привлече вниманието со умерена провокација.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement