Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Вистинска фатална жена: Ирина Шајк владееше на модната писта на ревијата на Mugler…

Ирина Шајк беше едно од главните лица на отворањето на Париската недела на висока мода во креации на Лудовико де Сент Сернин и Скијапарели, а синоќа со стил го затвори овој долгоочекуван моден настан со ревија на Mugler.

Новата колекција беше претставена во Grand Halles de la Villette, огромна поранешна кланица, а моделите предводени од Ирина, Шалом Харлоу, Ева Херцигова и Амбер Валета одеа по 50-метарската писта под драматични светла пред да исчезнат во темнина.

Шајк изгледаше како вистинска фатална жена во црн корсет фустан, кој беше олицетворение на секси, мистериозната естетика .Руската манекенка била блиска со основачот на куќата Тиери Муглер, а по неговата смрт во јануари минатата година го опишала како „богот на модата“.

Токму оваа ревија на Mugler беше првата презентација во живо по пандемијата под креативната палка на Кејси Кадваладер. Иако референците за работата на Тиери беа очигледни, Кадваладер внесе малку повеќе волумен и текстура во класичните силуети на „Mugler“. Црната боја сè уште беше доминантна, со само неколку сини или бели изгледи, а незаменливи беа кожните додатоци, корсетите и шлицовите на облеката.

„Ова е ревија на готови облеки во сезоната на мода, но не и колекција за висока мода. Mugler не треба да биде тивок бренд. Мора да биде смело, да има драма и да биде возбудливо. И направи нешто легендарно!“, изјави Кејси.

Се чини дека оваа модна куќа продолжува незапирливо да заживува и напредува, а брендот се пофали дека во изминатите три години и покрај пандемијата забележале троцифрен раст.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement