Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Арапската принцеза доби отказ од магазинот „Vogue“, но чекори по патот на успехот…

Откако најпознатиот моден магазин и ги затвори вратите, таа самата си ја отвори вратата на успехот.

Арапската принцеза Дина Аљухани Абдулазиз е поранешна уредничка на магазинот „Vogue Arabia“, која се фокусирала на сопствениот бизнис и кариера и на тој начин станала вистинска инспирација за жените.

Од самата идеја да го основа ова големо списание, но на своја земја, арапската принцеза беше страсна за светот на модата и за тоа што може да придонесе за жените од овие земји.

Таа доживеа голем успех по првата насловна страница за која позираше познатата манекенка Џиџи Хадид. Списанието брзо се искачи на врвот на популарноста во арапските земји, но по второто издание го шокираше светот со отпуштање на младата и талентирана Дина.

  • Не дадов отказ од работата, јас добив. Не се согласив на компромисите кои беа побарани од мене, вели принцезата. Главната причина што ја наведуваат е тоа што не ги почитувала главните уредници кои ја предупредиле да прави се во согласност со читателите, а тоа, како што објаснуваат, не било област на интерес за неа.

Овој пад не и ги скрши крилјата, туку и даде дополнителен поттик да не отстапи и да не се откажува. Таа одлучи да се фокусира на својата страст за модата која ја води уште од детството и да направи нешто со нејзините големи идеи.

Конечно, планот на хартија станува план во акција. Отвора агенција за таленти, која стана добро позната на светскиот пазар.

Бизнисот со својата модна линија го започнала уште пред да работи во магазинот, а по отказот го проширила и на далечни дестинации.

Среќата и во љубовниот живот ја најде со сопругот, принцот Султан бин Фахда, со кој има успешен брак крунисан со три деца.

Мајка, принцеза и успешна жена во деловниот свет на 47 години гордо се навраќа на минатото и гледа во иднината со насмевка, пренесува „Uk.fashionnetwork.com“.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement