Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Антонела Рокузо: Шик издание каде чантата „Dolce Box“ отелотворува љубов и внимание на деталите…

Аргентинецот Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер за 2022 година од страна на ФИФА. На церемонијата на ФИФА Бест во Париз, Меси (35) го доби ова признание по рекорден седми пат, а со него на наградата пристигна и неговата сопруга Антонела Рокузо, која го привлече вниманието со своето модно издание.

Убавата Аргентинка носеше црн фустан на модната куќа Dolce & Gabanna со висока јака и висок шлиц на ногата кој ја следи линијата на телото. Креацијата која има набори и шлиц на струкот ја спои со црни сандали на платформа на високи потпетици.

За да избегне монотонија стајлингот го дополни со ефективна чанта во форма на црвена роза, која е исто така дело на модната куќа Dolce&Gabbana. Моделот наречен „Dolce Box“ отелотворува изработка, љубов и внимание на деталите. Чантата има кратка рачка и монтажна прилагодлива лента.

Елегантното издание Антонела го комплетираше со висечки обетки со брилијанти, а последниот зачин на изданието кое наиде на голем број позитивни коментари беше црвениот кармин на усните.Нејзиниот сопруг, исто така, носеше црн костум со јака со блескави ревери со мониста, комбиниран со машна.

Антонела со објавувањето се пофали на Инстаграм каде и се заблагодари на модната куќа што и создала фустан. Таа во една од објавите му ја честитала наградата на сопругот и му рекла дека се многу горди на него.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement