Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ана Винтур официјално го откри кодексот на облекување за Мет Гала 2023: Сè ќе биде во стилот на покојниот дизајнер…

Најголемиот моден настан Мет Гала ќе се одржи на 1 мај годинава во Њујорк, а љубителите на модата со нетрпение чекаат да ги видат познатите личности и тоалетите во кои ќе блеснат. Како и секоја година, гостите на Мет Гала имаат дрес код, кој мора да го почитуваат.

Ана Винтур, која е на чело на овој настан од 1995 година, вчера официјално ја откри темата на овогодинешната Мет Гала, а многумина веруваат тешко дека нешто ќе успее да ја надмине.

  • Годинава Мет Гала ќе се одржи на 1 мај и ќе му оддаде чест на еден од најголемите модни таленти: Карл Лагерфелд. Придружната изложба насловена „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“ му оддава почит на плодниот дизајнер кој ги предводеше големите модни куќи, вклучувајќи ги Chanel,Fendi и Kloi.

Микаела Коел, Пенелопе Круз, Роџер Федерер, Дуа Липа и Ана Винтур ќе претседаваат со вечерта. А да му оддадат почит на господинот Лагерфелд не е само задача на кураторите на музејот: дресот од 2023 година е „Во чест на Карл“ – се наведува во објавата на „Инстаграм“ профилот на магазинот „Vogue“.

Карл создавал костими за театри и опери во Фиренца, Виена, Салцбург и Монте Карло. Бил и голем вљубеник во фотографијата. Честопати самиот ги фотографирал своите модели, дури објавувал и неколку книги со негови фотографии, а интересно е што новинарите го нарекувале „Кајзер Карл“.

Кога станува збор за неговиот изглед, заштитниот знак му биле фан, бела коса во опавче и црни очила за сонце. Зборуваше четири јазици – германски, француски, англиски и италијански.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement