Поранешниот модел на ангелите на Victoria’s Secret Алесандра Амбросио изгледа многу модерно дури и во најопуштеното издание.
Една од поранешните главни модели на брендот Victoria’s Secret, Алесандра Амбросио, е фотографирана на улиците на Лос Анџелес во опуштено спортско издание.
41-годишната бразилска убавица носеше класичен спортски дуксер, сини хеланки и патики. Аутфитот го комплетираше со виолетова капа, а во раката носеше чанта камел боја.

Алесандра за ова дневно издание не се нашминка и на тој начин ја покажа својата природна убавина и негувано лице.
Откако ги напушти ангелите на Victoria’s Secret,Алесандра започна сопствен бизнис. Пред 4 години таа го основаше брендот за костими за капење „GAL Floripa“ заедно со нејзината сестра Алин и нивната пријателка од детството Жизела Кори.

Амбросио е мајка на две деца, ќерката Ања (14) и синот Ноа (10), кои ги доби со партнерот Џејми Мацуро, од кој се раздели во 2018 година.
