Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ако ве воодушевува култната чанта која му оддава почит на стилот на покојната принцеза од Велс, новата варијанта ќе ве фрли во моден транс…

Презентирана како дел од конфекциската колекција на Dior за есен и зима 2022/23 година, чантата Lady 95.22 го враќа уникатното наследство на познатиот бренд, но со модерни елементи.

Чанта Lady Dior, наречена така во чест на покојната принцеза Дијана, која ја обожаваше облеката и додатоците на познатата француска модна куќа.

Го отсликува стилот на Лејди Ди од 1995 година, а новата верзија е реинтерпретација на познатиот модел.

Современата и суптилно заоблена силуета на оваа чанта ѝ дава уникатна линија и гарантира софистициран изглед. Двете рачки се нежно префинети со кожа и метал, а се украсени со привезоци со букви кои го формираат зборот „Dior“.

Речиси и да нема позната дама која не ја носела познатата чанта на Lady Dior, а слична судбина се очекува да има и Lady 95.22. Како што предвидуваат модните експерти, ова е чанта која ќе ја одбележи 2023 година!

Дело е на дизајнерката Марија Грација Ќури, а најголемата промена во однос на добро познатата класика е тоа што формата на ова парче сега е трапезоидна.
Оваа чанта веќе стана омилен додаток на трендсетерките, па ги носеа италијанската инфлуенсерка Кјара Феранги и шпанската убавица Бланка Миро.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement