• Сподели на:

Зошто новородените бебиња плачат без солзи?

___

Дали сте забележале дека плачот на новороденчињата во текот на првите недели од нивниот живот не се состои од солзи?

Новородените бебиња не можат да произведат вистински солзи, бидејќи нивните солзни кесички во тој период уште не се доволно развиени. Секое бебе е родено со базални солзи, што значи дека нивните солзни вреќички ќе произведат доволно влага за нивните очи да бидат здрави.

Додека пак, вистинските солзи се јавуваат измеѓу 3-тата и 12-тата недела кај бебињата. Во ретки случаи, процесот може да трае и до првите неколку месеци од животот на бебето.

Интересно е тоа што, покрај недостатокот на вистински солзи, новородените бебиња сепак рефлексно плачат. Таа појава е слична како онаа кога на возрасните им течат солзи, на пример додека сечат кромид.

Освен тоа, бебињата се родени и со делумно функционални плунковни жлезди. Во почетокот нивната храна е целосно течна, па немаат потреба од плунка. Но, во текот на првите три месеци, нивните плунковни жлезди се активираат и дури потоа бебињата ја учат вештината за голтањето на сопствената плунка.


Оставете коментар

___