• Сподели на:

Зошто неуредите деца се попаметни?

___

Децата умеат на направат огромен хаос, ама изгледа дека од тоа има и некаква корист. Неодамна објавена студија доаѓа до заклучок дека колку е детето понеуредно тоа побрзо учи.

Сите знаеме дека децата на училиште учат за цврсти, гасовити и течни материјали, ама тоа знаење се утврдува пред да тргнат на училиште. Многу родители им дозволуваат на децата да научат што се цврсти материјали дозволувајќи им да допрат токам лажица, чаша и играчки, ама со течните материјали е малку поинаку. Новата студија извршена на Универзитетот во Ајова тврди дека најдобро време децата да се запознаат со течните материјали е за време на јадење. На децата треба да им се дозволи да истражуваат, па и да се измачкаат, затоа што така учат да разликуваат текстури, мириси и бои.

Лариса Самуелсон, која е вонреден професор на Универзитетот во Ајова, спровела обемно истражување за да дознае како децата учат да идентификуваат предмети со помош на зборови.

Она и нејзиниот тим им давале течни материјали на 16-месечни деца за да истражат како децата ракуваат со тие материјали и како учат одредени зборови кои ги поврзуваат со истите.

Дошле до заклучок дека децата колку повеќе се во контакт со материјата толку подобро се запознаени со неа и полесно ја идентификуваат.

Оваа студија е охрабрувачка за мајките кои имаат неуредни деца, ама нетреба премногу да се очекува од детето.

– Децата учат од секое движење и од секој допир со нови работи, а информациите кои ги собираат ги употребуваат покасно, кога ќе им затребаат ако не ги употребат во истиот момент.  Играњето со храна им помогна на децата кога беа испитувани во лабораторија, затоа што се докажало дека тие побрзо ги учеле називите на храната што ја јаделе и со која си играле – кажува професорката Самуелсон.

 neurednite deca 2

ПУШТЕТЕ ГИ ДА СИ ИГРААТ

Тоа што е добро кај оваа студија е што им порачува на мајките да можат да се опуштат ако нивните деца се неуредни. Наместо да им го поправате ова однесување, пуштете ги децата да си играат, да истражуваат и да создаваат затоа што тоа ќе им користи на долги патеки.


Оставете коментар

___