Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Зошто бремените жени имаат мачнини?

Речиси сите бремени жени се соочуваат со мачнини кои ги олеснуваме со повраќање. Иако тоа нема да помогне да ги спречите мачнините во организмот, блуењето е всушност добар знак дека вашиот хормонски степен на бременост е висок.

Точната причина за мачнините што се јавуваат за време на бременоста не се познати, но се претпоставува дека тоа е поврзано со хормонот на бременоста кој се нарекува хуман хорионски гонадотропин (hCG). Tој се произведува од клетките што ја градат плацентата (плацентата го храни ембрионот и е залепена за ѕидот на матката) и со естрогенот (кој го контролира циклусот на јајце-клетките). Дури и тироидниот хормон, тироксинот, може да има голема улога во ова.

Чести причини за утрински мачнини се:

Ако очекувате близнаци или тројка може да имате повисоко ниво на хормони во бременоста и да чувствувате поголеми мачнини.

Ако вообичаено страдате од мачнини при патување, поголема е веројатноста да блуете за време на бременоста, а тоа се случува затоа што бременоста е поврзана со нарушен механизам за балансирање во внатрешното уво.

Ако веќе страдате од некоја гастро-интестинална инфекција најчесто предизвикана од бактерија, како Хеликобактери, може да доведе до посериозни мачнини, чиреви и рефлукс киселини во стомакот. Меѓутоа ова може да се испита преку земање на крв и лесно се лекува со антибиотици кои не му штетат на плодот.

Ако сте уморни и гладни кога имате мачнини, тоа може да ја влоши ситуацијата.

Една теорија вели дека вашето зголемено чувство за мирис и гадење претставува заштитна мерка, односно алатка за избегнување на токсичната храна.

Некои доктори уште веруваат дека овие мачнини се предизвикани од стрес и од негативните чувства за време на бременоста. Меѓутоа оваа теорија не е многу популарна бидејќи луѓето имаат спротивно мислење, односно дека утринските мачнини во бременоста го предизвикуваат стресот кај идните мајки.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement