Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

За вас идните мајки…

Oдговорностите и обврските кои се појавуваат со децата Воопшто не се за занемарување.

Еве токму поради тоа, одбравме да разговараме со неколку мајки и да ги прашаме што не би пропуштиле да направат, ако би можеле да се вратат назад во времето.

Така, за вас идните мајки, Уживајте пред доаѓањето на Вашето најсакано…информации за не биде дека никој не ве предупредил ….

  1. Појадок во кревет. Земете еден послужавник со      кафе на шкафчето до креветот и прочитајте го омиленото списание од почеток до крај. Ова дефинитивно ќе ви недостасува со ранобудно бебе или со поголемото      дете кое секој момент може да скокне од кревет.
  2. Радувајте се на долгите мигови во бањата … токму така сега сте      сама , но наскоро ќе имате друштво насекаде и ако не во бањата , тогаш на вратата пред неа.
  3. Одете во кино . Бидејќи наскоро киното ќе отпадне од вашaта листа со приоритети , а и      затоа сега е време да си подарите малку романтика како двојка . ..
  4. Уживање во дремката кога сте уморна. Ова е една од слободите кои се одземаат токму во      овој момент , кога бебето ќе заплаче …. сега некој друг одлучува во кој дел од денот ќе се спие и колку долго …
  5. Јадете кога ќе почувствувате глад. Направете го, без да гледате на часовникот . Многу наскоро ќе мора да го почитувате бебешкиот режим…
  6. Одете по продавници слободни и кога ќе посакате.
  7. Прошетајте со фатени      за раце, без количка. Ќе помине време дури ќе можете да шетате со слободни раце и да можете да се држите за рака, без да туркате количка.
  8. Читајте омилена книга .
  9. Јадете што ви се пријаде за вечера. Многу      наскоро ќе морате преку своите навики, да го      учите малечкото човече, на здрави навики за јадење.
  10. Шетајте боси низ уреден дом и пробајте да замислите дека многу скоро тоа чувство      за уредност и предвидливост ќе ви биде непознато.
  11. Јавете се и зборувајте со сите ваши пријателки. Многу наскоро бебето ќе одлучува кога ќе можете да зборувате
  12. Одете по ресторани – често и многу , на бучни и забавни места . Со бебешка количка , а дури      и со бебе во кенгур тоа ќе биде малку потешко , особено во вечерните часови кога бејби ќе треба да спие .
  13. Посетете козметичар , фризер или едноставно сама направете си маникир , педикир и маска за разубавување . Не знаеш кога ќе биде следниот пат кога малиот важен човек ќе Ви го дозволи таковиот луксуз.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement