Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Викенд родители: како да се усклади професионалниот и семејниот живот

Со помош на неколку насоки, реорганизирајте го својот живот и не дозволувајте, заради недостаток на време, вашиот семеен однос да го загрози отуѓеност. Современиот начин на живот и големиот број обврски, влијае на тоа, постоечкиот термин „викенд татко“, сега рамноправно да се однесува и на мајките. Често, не е можно да се влијае на траењето на работното време, но доколку не сте им посветени доволно на своите деца, важно е да бидете свесни за можните последици: и по децата, и по вашиот однос со нив. Имено, дури кога ќе станете свесни за последиците, ќе посакате максимално да се потрудите, со што би го пронашле времето кое сега толку многу ви недостига.

Како да негувате добри односи со децата, наспроти краткото време?

Родителски авторитет. Најпрвo, не дозволувајте функцијата воспитување на вашитедеца да му ја предадете на некој друг, кој поминува повеќе време со нив. Имено, иако тие други личности можат да бидат квалификувани за таа работа (воспитувачките од градинка, бебиситерките, учителките…), или добронамерните и полни со љубов, баба и дедо – вие сте родител и неопходно е вашиот авторитет да биде основен, примарен и најважен.

Прераспределете ги обврските. Ако вашето работно време е од 8 до 16 часот, размислете колку преостанато, т.н. слободно време поминувате извршувајќи некои други работи (домашни обврски, телефонирање…). Пробајте да се реорганизирате. Намалете го времето поминато пред телевизор, во корист на вашето дете. Иако тоа може да изгледа како голем залак, бидејќи родителите пред телевизорот се опуштаат и релаксираат, сетете се дека времето кое може да го посветите на вашето дете, всушност, е ограничено на неколку години. Во предшколска возраст, родителите потполно се незаменливи, но веќе во основно училиште и социјализацијата со врсниците, потребата на детето од вас како соиграч и соговорник се намалува.

Потсетник. Заради премногуте обврски кои треба да ги завршите, се случува нешто да заборавите. Меѓутоа, пробајте да ги запишувате идеите кои ќе ви паднат на памет како можен начин да го поминете времето со децата (кино, прошетка, спорт…). Како што вашите деца имаат распоред за часови, така и вие направете план за приватни случувањаважни за вас и вашето семејство.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement