• Сподели на:

Викенд родители: Како да го усогласите професионалниот и семејниот живот

___

Со помош на неколку насоки, реорганизирајте го својот живот и не дозволувајте, поради недостаток на време, вашиот семеен однос да биде доведен до оддалечување.

Современиот начин на живот и големиот број на обврски влијаеле некогаш постоечкиот термин „викенд тато“ сега рамноправно да се однесува и на мајките. Според некои истражувања, просечното семејство во Србија поминува само 3 и пол часа заедно во текот на работната недела!

Иако многу често е невозможно да се влијае врз должината на работното време, доколку не сте доволно посветени на вашите деца, важно е да ги знаете можните последици: врз нив, како и врз меѓусебниот однос. Имено, дури кога сте свесни за последиците, ќе посаката максимално да се потрудите, да имате време – кое сега многу ви недостасува, сепак некако да го пронајдете.

Последици: Недостатокот на време за семеен живот доведува до оттуѓеност, не само помеѓу вас и детето, туку и во рамките на партнерските односи. Потиснување на личното незадоволство и ненавременото решавање на конфилктните ситуации, резултира така што, кога потиснатите емоции конечно излегуваат на виделина (бидејќи не мошат засекогаш да останат скриени), често доведуваат до распаѓање на заедниците. Забележителни се и проблемите во равојот на децата. Во предучилишниот период, децата се однесуваат посветувајќи време на она што го сакаат. На аа возрастм, тие мислат дека истото го прават и возрасните. На тој начин, доколку не сте им посветени, тие тоа не го гледаат како ваша зафатеност и окупираност, туку дека тие вам не ви се доволно важни за да го поминувате своето време со нив. Исто така, ако родителите не успеале да создадат граници на дозволено и недозволено однесување, децата сметаат дека им е дозволено и она што никако не би смеело да им биде дозволено. Тие немаат поддршка од нивните семејства, а на нив повеќе влијаат содржините на телевизија или на компјутер/интернет. Сето тоа влијае на нивниот прераснување во несигурни, несамостојни личности, без јасни насоки во животот. Конечно, постојат и такви родители кои сметаат дека поради тоа што не поминуваат доволно време со своите деца, треба да им дозволуваат сè. Меѓутоа, телорирањето на таквото однесување или купувањето скапи играчки не можат да бидат му ја надоместат вашата посветеност. Имено, ниту најдобрите игри и играчки не можат да бидат доволно добри доколку на детето му недостасува соиграч. За жал, соиграчот кој му недостасува сте најчесто самите вие.

Како, покрај недостатокот на време, да имате подобри односи со вашето дете?

Родителски авторитет: Најпрво, не дозволувајте функцијата на воспитување на детето да јабиде пренесена на некој друг, кој со него поминува повеќе време.Имено, иако тие други личности може да бидат лица квалификувани за таа работа (воспитувачки во градинка, бебиситерки, наставнички…) или добронамерни и полни со љубов (баби и дедовци) – вие сте родители и неопходно е вашиот авторитет да биде основен, примарен и најважен.

Прераспределба на обврски: Ако вашето работно време е од 9 до 17 часот, размислете како преостанатото, таканаречено слободно време го поминувате во завршување други обврски (куќни обврски, телефонирање…). Обидете се да се реорганизирате. Намалете го времето помината пред телевизор, во замена за време помината со вашето дете. Иако тоа може да ви изгледа како големо барање, со оглед на тоа дека родителите се релаксираат и опуштаат глеајќи телевизија, сетете се дека времето кое може да го поминете со вашето дете е ограничено на само неколку години. Во предучилишниот период, родителите се потполно незаменливи, но веќе во основно учулиште, социјализацијата со врсниците, растењето…едноставно потребата на детето од вас како соиграч и соговорник се намалува.

Потсетник: Пренатрупаноста со обврски донекаде ја објаснува појавата на недоволно внимание и заборавеност. Немојте себеси да се прекорувате за тоа, бидејќи вината што сте заборавиле нешто не е во вас, туку до вашите внатрешни капацитети – кои сепак се ограничени. Меѓутоа, со цел барем донекаде да го контролирате процесот на заборавање, обидете се да ги запишувате идејите кои ќе ви паднат на ум во врска со начинот на кој го поминувате времето со вашето дете (кино, посета на пријатели, прошетки, спорт…). Слично на планот за работа за следната недела или распоредот на часови кој го има вашето дете во училиште, така и вие направете план за вашите лични настани кои ви се важни вам и на вешто семејство. Запишете и ги и темите за разговор. На тој начин, она малку време кое го имате на располагање ќе го искористите на најдобар начин – бидејќи едноставно, ќе бидете подготвени.

 


Оставете коментар

___