Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Тест: Дали вашето дете е левак?

Ако се двоумите за тоа дали вашето дете е левак или деснак, обидете се да ја решите оваа дилема со помош на овие кратки тестови. Резултатот, всушност и не е битен, бидејки ова воопшто не влијае на развојот или на среќата на вашето дете. Најважно е да се забавувате додека ги правите тестовите.

Тест бр. 1

Дадете му на вашето дете да ги направи овие едноставни задачи, а вие внимателно следете како ќе се одвиваат. Кажете му да детето:

  • Да плесне со рацете како да е на концерт. Леваците обично поизразито плескаат со левата рака, додека десната помалку ја движат додека го прават тоа.
  • Да ги соедини рацете и ги испреплетка прстите. На која рака палецот е горе? Кај леваците, се разбира, левиот палец е горе.
  • Да нацрта цвет. Во која рака вашето дете ја држи боичката.
  • Да земе топче и го фрли нагоре. Со која рака детето ќе ја одфрли топката?
  • Да отвори една книга на било која страница. Со која рака ја држи книгата?
  • Да си ги исчетка забите. Во која рака ја држи четкичката?

Ако одговорот на повеќето прашања е: со левата рака, тогаш најверојатно вашето дете е левак.

Тест бр.2

Но, прашањето не се однесува само на тоа со која рака детето ќе пишува, туку и преферирањето на едната страна во однос на другите парни органи кои ги користиме. Во овој тест ќе дознаете која страна вашето дете повеќе ја користи.

  • Кажете му да се почеша по грбчето. Со која рака ќе го направи тоа.
  • Нека ви намигне. Со кое око намигнува?
  • Нека ги стави рацете на грб и нека ја фати едната рака со другата. Која рака ја држи другата рака?
  • Кажете нешто многу тивко, а детето нека ви се приближи за да ве чуе подобро. Со кое уво ќе се доближи за да чуе?
  • Нека ја навали главата на едно рамо. На која страна ќе се навали?
  • Кога ја шутира топката, со која нога го прави тоа?

Тест бр.3

На масата ставете коцки, кои ќе бидат еднакво оддалечени и од левата и од десната рака. Замолете го детето да ги стави една врз друга. Обрнете внимание на тоа која рака ја користи. На почетокот може да користи и двете рачиња комбинирано, но колку пирамидата ќе станува повисока толку повеќе ќе ја користи онаа рака која му е посигурна и постабилна.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement