Светскиот ден за свесност за аутизмот се одбележува на 2 април, а оваа година заради пандемијата предизвикана од коронавирусот се одбележа со пораката- да останеме сите дома за да го спречиме овој вирус и да се вратиме на нормалниот живот што побрзо!
Аутизмот во доба на корона и карантин
Лицата со аутизам и нивните семејства се сами во општеството, маргинализирани, изолирани, оставени сами на себе, без вистинските информации.
Во момент кога на сите ни е ограничено она што го сметаме за нормално, кога сме во изолација, разделени од семејството, пријателите, колегите, можеме да извлечеме порака од ситуацијата околу нас.
Во моментов со оваа рутина им се приближивме најблиску на оние на кои ова однесување им е секојдневна рутина низ годините- затворени во своите домови, избегнувајќи големи гужви, грчевито држејќи се до одредени рутини, срамежливо одејќи во маркет, криејќи се зад маски и ретко дружење со пријателите.
Кога ќе заврши пандемијата сите треба поинаку да се однесуваме и сфатиме дека има луѓе на кои сме им потребни, луѓе кои досега свесно или несвесно сме ги стигматизирале и маргинализирале, луѓе кои цел живот живеат вака како што ние живееме само неколку седмици.
Па да подадеме рака!

You must be logged in to post a comment Login