Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Што очекува вашето дете од вас?

Секоја мајка има бескрајни очекувањa од детето, но важно е да знаете какви очекувања има вашето дете од вас иако некои не се рационални.

Мора да имате одговор на се

Кога ќе станете мајка, вие ќе станете пример за вашетот дете и тоа ќе ги слуша вашите совети. Тоа што го очекува детето е дека вие без разлика на сѐ ќе ги имате вистинските одговори.

Секогаш ќе бидете покрај него

Дури и кога детето е свесно дека нема право ќе ја бара вашата поддршка.

Треба да бидете „супер мајка“

„Не постои ништо што не може мајка ми да направи“ – вака малите деца ги гледаат своите мајки. Од вас се очекува да му помагате за училиштето, да бидете добар домаќин на сите родендени, да ја подготвувате највкусната храна и многу повеќе.

Вие никогаш не сте болни

Децата не можат да замислат нивната мајка ништо да не прави. И кога нема што да работи, таа никако не треба да седи со скрстени нозе и да не му помага ништо на своето дете. Вашето дете мисли дека вие сте способни за се во секој момент.

Секогаш ги имате вистинските зборови

Во поголемиот број на случаи кога детето имало проблеми, дали тоа е некаква кавга со некое другарче или нешто слично, од вас очекува да ги имате вистинските зборови кои се „лек за душа“.

Сѐ што правите е исправно

Децата секогаш ги ставаат родителите на прво место. Во моменти на криза и тешки одлуки детето секогаш очекува мајка му да ја направи правилната работа. Значи, одлуките кои го донесувате влијаат на тоа што вашите најмлади мислат дека е добро.

Мајката е секогаш тука да те заштити

Без разлика на тоа каква грешка направило, детето очекува дека ја има вашата поддршка во секој момент.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement