Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Развој на гениталиите кај машките бебиња

Родителите кои имаат машко дете сигурно ги интересира како изгледа развојот на гениталиите и на што треба да припазат. Еве ги најважните прашања поврзани со проблематиката на неспуштени тестиси.

Во процесот на развивање на машките гениталии важно е спуштањето на тестисите. Но, што ако не се спуштат на време?

Кај повеќето од машките деца тестисите се спуштаат уште при раѓањето. Постои мала веројатност да се спуштат дури во шестиот или деветиот месец, ама тоа се случува доста ретко. Ако тестисот не е спуштен после деветтиот месец, потребна е операција. Ако родителите во шестиот месец видат дека тестисот не е спуштен треба да се јават кај уролог или хирург. Тоа е многу важно за на време, од деветтиот до осумнаесеттиот месец да се направи хируршка интервенција.

Што се случува ако проблемот со тестисите не се воочи на време?

Ако хируршката интервенција се обави покасно, може да дојде до пореметување на сперматогенеза, односно стерилност. Треба да се контролира детето заради тоа што касното спуштање на тестисите носи мал ризик од негово малигно оштетување. За среќа, тоа се случува многу ретко. Кога тестисот ќе се спушти, родителите треба да научат како да го прегледуваат, а кога детето е доволно големо да го научат само да се прегледува. Тоа е потребно за да се воочи секоја промена на обликот или големината на тестисите на време да се дијагностицира и да се лечи. Ако родителите не можат сами да воочат промени, или нешто им е сомнително, мора да се посети уролог, Тој че утврди за каков проблем се работи.

Зошто тестисите се движат нагоре-надолу?

Кај некои деца тестисот се спушта во скротумот кога е топло, а се издига во препонскиот канал кога е ладно. Тоа се смета за нормална појава, не го оштетува тестисот и не остава последици, Кога се манипулира со раце, кога седи во топла вода, или кога седи “турски” тестисот се спушта и за оваа појава не е потребно лечење.

Дали во тој случај е потребна хируршка интервенција?

Овие тестиси практично не се оперираат. Кај некои машки тестисите вака “мрдаат” цел живот, кога е ладно, но овие машки имаат нормален спермограм и нормална функција. Нема потреба од грижа, но лекарот треба да го прегледа и да утврди дали за што станува збор. Многу ретко се случува тестисот кој шета да се намали во однос на друигот, спуштен тестис, што исто е индикација за операција.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement