Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Првиот пијалок по мајчиното млеко – вода

Мајчиното млеко е најдобрата и најздравата храна за детето и е потребно да се дои во текот на првите 4 до 6 месеци од животот. Во текот на тој периот здравото бебе не треба дополнително да пие вода со оглед на тоа дека мајчиното млеко обезбедува доволно количина на течности кои се потребни.

Но, од петиот или шестиот месец, кога детето покрај доењето почнува да јаде и тврда храна, водата може да се дава во шишенце, во кашичка или од чаша да се намали жедта на детето. Водата е така првата течност која покрај мајчиното млеко и млечниот оброк треба да се дава на бебето.

Иако најчесто се користи превриена вода од чешма, постои и вода во шишиња која е наменета за доенчиња, како и за мешање со кашички за бебиња. Педијатрите советуваат дека водата од шишиња која се применува за припрема на млечни кашички е строго контролирана и дека не е потребна да се преврие.

Затоа природната негазирана минерална вода, полнета на извор во стерилни услови е соодветна за доенчиња и мали деца, за припремување на храна за деца и за готвење. Таа вода исто така содржи доволен состав на минерали и електролити кои се погодни за припремување на млечни оброци и осигурува пропишани вредности во готовата храна за бебето.

Недоволно развиената свест да се внесува вода во организамот веќе е присутна меѓу популацијата и затоа пожелно е навикнување на детето на редовен внес на вода веќе од првата година.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement