• Сподели на:

Полот на Вашето најмило – можност за Ваш избор или генетика ???

___

Зачнувањето на точно определен пол на детето, е неисполнета желба на многу родители. За среќа или жал, се уште не постои метод кој ќе гарантира 100% успех, но постојат совети кои би можеле да влијаат…

Постојат повеќе митови кои го одредуваат „посакуваниот“ пол. Сигурно е дека постои веројатност, а можно е да постои и некаква гаранција која сепак делумно влијае при одредувањето на половите карактеристики. Причината поради која нема универзален одговор околу влијанието врз одредувањето на полот, се крие во самиот комплексен момент при зачнувањето. Најпрво, најзначаен за самиот процес на зачнување е периодот на овулацијата. Крајниот, најзначаен момент е сепак, самото дете да биде здраво, од кој пол и да биде…

1. Како до девојче ?

Сперматозоидите со хромозом х се поспори, но поотпорни, што значи имаат поголеми шанси да опстанат во матката. Затоа, за девојче треба да имате однос 3 дена пред овулацијата кога всушност треба да престанете со односите. Со тоа, за време од тие 3 дена ќе се намали бројот на преживеани y сперматозоиди ( момче ), додека поспорите сперматозоиди х ( девојче ), полека, но сигурно, ќе стигнат до целта. Други методи кои треба да ги применувате за да имате плод од женски пол се следниве: водете љубов што почесто, со тоа х хромозомите имаат поголеми шанси. Според искуствата, при поголема пауза и апстиненција на мажите, најчесто зачетоците се од машки пол. Преживувањето на у хромозомите е предизвикано и од РН киселоста на вагиналната флора. Ако водите љубов неколку дена пред овулацијата, тогаш у сперматозоидите изумираат бидејќи киселоста е поголема. Колку поголема киселост, толку поголеми шанси за х хромозоми. А киселоста се зголемува и со млечни производи и минерална вода со магнезиум. Исто така, доколку сакате девојче, практикувајте мисионерска поза.

2. Како до момче ?

Доколку сакате момче , треба максимално да ја искористите предноста на у сперматозоидите. Тие имаат помал век од х сперматозоидите но се побрзи. Затоа, воздржувајте се од односи се до последниот ден од овулацијата. Така, преку брзината на у хромозомите ќе се зголеми шансата побрзо да дојдат до јајце клетка и да ја оплодат.

Факт е и дека апстиненцијата води кон зачеток од машки пол. Поради малото исфрлање, спермата е побогата со у сперматозоиди, што водат кон зголемување на шансите за плод од машки пол. За машки пол, исто така влијае и исхраната, која пак директно влијае на киселоста на вагиналната флора. Така, за машко се препорачуваат: банани, зеленчук, карфиол, компир, минерална вода без магнезиум. Односот при положбата „ од позади “ овозможува подлабок продор на пенисот и исфрлање на сперма на самиот врв од матката. Со тоа, брзите у сперматозоиди имаат најголеми шанси за оплодување.


Оставете коментар

___